srijeda, 14. rujna 2011.

глас

Утрово ненамерно се сетив на твојот глас
што ја носи сериозноста на старите дрвја
кои пак се фалат со дебелите сенки
таков е твојот раскошен,сакан и заборавен глас
а јас сум мала ѕвезда што изгрева на Запад
и во доцните часови
додека другите мирно сонуваат
го довикувам твојот омилен и заборавен глас.

Nema komentara:

Objavi komentar