Фригидна жена ја фрли топката
излезе чад
црна слика на реалноста
љубов што фрустрира
пријатели што повредуваат
и безброј желби што сакаат
надвор да полетаат
се до конечно остварување
фригидна жена се фрли од карпа
ја фрли и коцката
за да си игра со среќата
а јас решив
се до последната честица на моето битие
ќе бидам евергрин.
Nema komentara:
Objavi komentar