subota, 7. siječnja 2012.

париски сон

Оној што ми ја уби птицата
ми го испи и виното
на кејот падна прашина
ангелите ми служеа вечера
го читав Бодлер
го цртав парискиот сон
тогаш и небото стоеше зад мене
и луѓето ме сакаа
доаѓаа ветрови
што свират на украдени оргули
а она за што и денес пишувам
се вика париски сон.


Nema komentara:

Objavi komentar