На што да те потсетам
на имитација од ѕвездено небо
или на вистинска душа од памук
на мојата добра интуиција
или на вината што не ја признаваш
на илјада копја фрлени без причина
или на прегратки што младоста
ја ставаат во мирување
јас направив се за да не угодам на другите
а сега кажи на што да те потсетам?
Nema komentara:
Objavi komentar