utorak, 28. travnja 2015.

остани сам со себе

Остани сам со себе
додека се сменат
годишните времиња во еден ден
додека да помине ноќта
додека да ме заборавиш
и преболиш

Кога последен пат 
се разминавме
почувствував како твојот поглед
паѓа врз мене
слатки морници поминаа
низ моето тело
дожд од несигурност
ми ја растажи душата
не сме еден за друг
остани сам со себе.

subota, 18. travnja 2015.

печат од харизма

Непоштедно се дадов себе си 
насекаде оставив печат од својата харизма 
знаејќи дека животот може да се обои 
на најдобар можен начин
дека вистинската љубов нема замена
дека упорноста е највредна особина
што никој не ја вреднува 
оставив печат од својата харизма 
кај сите што ги познавам 
и не добив ништо за возврат
само тишина и звук на стрелки од часовник
што го ораат времето.


utorak, 14. travnja 2015.

втор идентитет

Срцата се захефтани
портите се затворени
а јас сум уморна
како ден што си оди
го земам својот втор идентитет
и во себе кажувам молитва
што никој не сака да ја чуе
посетувам големи градови
со осамени лица
го градам како заштитен ѕид
го одгледувам како цвеќе
својот втор идентитет.