Гори свеќата во собата
што ме спасува од темнина
и ме потсетува дека сум сама
во студени ноќи
и некрстени денови.
Гори свеќата во собата
како јаз помеѓу нас
во кој месечината фрла сноп од ѕвезди
а луѓето ја ловат тагата во моите очи.
Гори свеќата во собата
и секој ден е ист
со причини и последици
со збир од грешки и проста математика.
Гори свеќата во собата
гори свеќата во црквата
што ја запалив во недела
како добрината што пламти
во потсвеста на луѓето што ги сакам.
Nema komentara:
Objavi komentar