Луѓето во себе носат отров
во тој отров умира смртта
а јас те следам
и тогаш кога ти мене ме забораваш
кога во дел од секунда
ме губиш во толпа
и море од анонимни лица
те следам како сенка
јас сум зад твоите пети
и кога нема да ме видиш
тука сум
те следам
за да ти кажам дека во мене има празнина
место кое никој не може да го пополни.
Nema komentara:
Objavi komentar