Пред моите нозе лето
во моите раце зима
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат
а пеперутките што живеат еден ден
го слават мигот од сегашноста
расклопи ме на два дела
ќе најдеш во мене пуст остров
и рајска градина
во моите погледи
цел еден град
ги препознава своите мисли
во мене слобода
однадвор грижи
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат.
Nema komentara:
Objavi komentar