Ќе те допрам со рацете на моите брези
за од тебе да направам камен
или бесценет трофеј
или чудо што трае три дена
ќе те стигнат рацете на моите бели брези
а допирот ќе остави трага само во мислите.
srijeda, 28. prosinca 2011.
ponedjeljak, 26. prosinca 2011.
жена со црвени чевли
Јас сум жена со црвени чевли
си го исеков коренот
го потрошив раскошот
а се што правам ја намалува тагата
но животот е како оган
или ќе ме изгори
или топло ќе ме загрее
јас сум жена со црвени чевли,
о, боже како ли ја убив својата сенка?
си го исеков коренот
го потрошив раскошот
а се што правам ја намалува тагата
но животот е како оган
или ќе ме изгори
или топло ќе ме загрее
јас сум жена со црвени чевли,
о, боже како ли ја убив својата сенка?
srijeda, 14. prosinca 2011.
го барав насекаде...
Го барав насекаде
трчав по мирисот на неговото прво кафе
водена од моќни мисли
поттикната од нашата автобиографија
научена на памет
со високи идеали како високи потпетици
го барав насекаде
со вечни меури од сапуница
спастрени во џебовите
а остана само пуста надеж
и роса на чевлите.
трчав по мирисот на неговото прво кафе
водена од моќни мисли
поттикната од нашата автобиографија
научена на памет
со високи идеали како високи потпетици
го барав насекаде
со вечни меури од сапуница
спастрени во џебовите
а остана само пуста надеж
и роса на чевлите.
četvrtak, 8. prosinca 2011.
најдолга ноќ
Ова е најдолгата ноќ
нека ме понесат конфетите на своите раце.
Во луксузните чаши за вино
ќе замислам минијатурни мориња.
Ќе се простам со аладиновата ламба
и со парче небо ќе напишам богато писмо
за убави и среќни денови.
Ова е најдолгата и најсвечена ноќ
нека ме понесат конфетите на своите крилја.
нека ме понесат конфетите на своите раце.
Во луксузните чаши за вино
ќе замислам минијатурни мориња.
Ќе се простам со аладиновата ламба
и со парче небо ќе напишам богато писмо
за убави и среќни денови.
Ова е најдолгата и најсвечена ноќ
нека ме понесат конфетите на своите крилја.
евергрин
Фригидна жена ја фрли топката
излезе чад
црна слика на реалноста
љубов што фрустрира
пријатели што повредуваат
и безброј желби што сакаат
надвор да полетаат
се до конечно остварување
фригидна жена се фрли од карпа
ја фрли и коцката
за да си игра со среќата
а јас решив
се до последната честица на моето битие
ќе бидам евергрин.
излезе чад
црна слика на реалноста
љубов што фрустрира
пријатели што повредуваат
и безброј желби што сакаат
надвор да полетаат
се до конечно остварување
фригидна жена се фрли од карпа
ја фрли и коцката
за да си игра со среќата
а јас решив
се до последната честица на моето битие
ќе бидам евергрин.
četvrtak, 1. prosinca 2011.
делумно иста
Не ми текнува
како да ги вкрстам далечните водопади
да ја кутнам полната месечина
да ги позлатам зборовите,
фустанот и косата
да напишам нешто убаво и трајно
и секогаш сум иста
со секој нов стих
создаден во еден здив
останувам делумно иста.
како да ги вкрстам далечните водопади
да ја кутнам полната месечина
да ги позлатам зборовите,
фустанот и косата
да напишам нешто убаво и трајно
и секогаш сум иста
со секој нов стих
создаден во еден здив
останувам делумно иста.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)