Само прашината и светлото живеат во собата
а ти што си направил
кого си разочарал
чие лице си натажил
си се променил
или се плашил да бидеш свој
си фрлил песок во очите на добрите богови
а јас сум жив оган и непокор
плачам и плачам за твојата среќа.
subota, 21. siječnja 2012.
subota, 14. siječnja 2012.
штом заспијам, сонувам...
Штом заспијам сонувам
никаде не брзам
долг живот е пред мене
ќе ги скратам плетенките на жалните врби
холанските лалиња ќе ме носат
на своите кревки раце
сонот мој е жеден
а штом легнам сонувам
и успехот тука некаде е скриен
само треба да чепнам во жолтиот песок.
никаде не брзам
долг живот е пред мене
ќе ги скратам плетенките на жалните врби
холанските лалиња ќе ме носат
на своите кревки раце
сонот мој е жеден
а штом легнам сонувам
и успехот тука некаде е скриен
само треба да чепнам во жолтиот песок.
subota, 7. siječnja 2012.
париски сон
Оној што ми ја уби птицата
ми го испи и виното
на кејот падна прашина
ангелите ми служеа вечера
го читав Бодлер
го цртав парискиот сон
тогаш и небото стоеше зад мене
и луѓето ме сакаа
доаѓаа ветрови
што свират на украдени оргули
а она за што и денес пишувам
се вика париски сон.
ми го испи и виното
на кејот падна прашина
ангелите ми служеа вечера
го читав Бодлер
го цртав парискиот сон
тогаш и небото стоеше зад мене
и луѓето ме сакаа
доаѓаа ветрови
што свират на украдени оргули
а она за што и денес пишувам
се вика париски сон.
četvrtak, 5. siječnja 2012.
непознат човек
Горчливи бранови трчаат по мене
небото вреви за да ме казни
а љубовта од страв молчи
за попат ќе ти дадам малку добрина
и ноќта и денот ќе ги поделиме
на два еднакви дела
а потоа оди си и биди непознат човек.
небото вреви за да ме казни
а љубовта од страв молчи
за попат ќе ти дадам малку добрина
и ноќта и денот ќе ги поделиме
на два еднакви дела
а потоа оди си и биди непознат човек.
nedjelja, 1. siječnja 2012.
слуга на тагата
На подот гледам стрели
а сопатникот е со рането срце.
И по толку прочитани книги за животот
јас сеуште сум неука.
Ќе се фрлам во огномет со десет бои
ќе го направам невозможното
возвишеното ќе го допрам
својата добра волја ќе ја помножам со десет
ќе расчистам со емотивноста
ќе сторам се
за да не бидам слуга на тагата.
а сопатникот е со рането срце.
И по толку прочитани книги за животот
јас сеуште сум неука.
Ќе се фрлам во огномет со десет бои
ќе го направам невозможното
возвишеното ќе го допрам
својата добра волја ќе ја помножам со десет
ќе расчистам со емотивноста
ќе сторам се
за да не бидам слуга на тагата.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)