ponedjeljak, 29. listopada 2012.

замисли...

Замисли дека моите очи се ѕвезди,
те водат низ темнина,
те повикуваат од  зад шарени стакла, 
во мала шумска колиба,
покрај каминот од бајките,
а надвор е зима, 
замисли моите очи се топли само за тебе. 

nedjelja, 28. listopada 2012.

откажи се од мене

Откажи се од мене 
од мојата лоша судбина 
тој што пари нема 
пари собира 
да ја купи еднаш среќата 
да ја помножи со десет 
откажи се од мене 
во моите раце
и свежото цвеќе се суши.


srijeda, 24. listopada 2012.

кажи ми да знам

Кажи ми да знам,
сакаш ли поубав свет за твоите очи?

Обожавам кога душата расте,
не старее никогаш,
по никакви правила,
рацете остануваат нежни,
а напишаното тежи од вистина.

Кажи ми да знам,
го купи ли свилената жена твоето срце, 
или само го украде?

utorak, 23. listopada 2012.

тежина

Турнав камен од своето срце 
поминаа три вечери
раскажав три бајки
неповикани ми се вратија 
старите емоции
од своето лице симнав 
превез со тага
а планини струпав 
на грбот на непријателите
о, боже, каков живот, 
каква неизмерна тежина.


nedjelja, 21. listopada 2012.

на најважното место

Ти би се извинил
би ме прегрнал 
со чамец и весло 
би пливал низ времето 
да поправиш една единствена грешка 
би ме чекал на најсветото место 
а јас би побегнала од твоите ледени раце 
без зборови ќе покажеш болка и каење
ќе ме чекаш на најубавото ,
на најважното место.

četvrtak, 4. listopada 2012.

овие очи ќе те следат

Кога ми значеше, 
не давав да остариш, 
кога ме рани, 
сакав да те фрлам во заборав 
зад железни врати
да стрелам во тебе со трнливи рози
ти си мој безличен човек со  илјада лица
и два века да поминат 
овие очи ќе те следат.