Сеуште те има
во споменарите што се распаѓаат
во чоколадните нијанси на мојата кожа
што сами се создале
под сончевите стебла
сеуште те има
во деновите што поминале
во тајните што не би ги продала
во зборовите што се мои надстрешници
сеуште те има
а сепак си ми отсутен.
utorak, 31. svibnja 2011.
nedjelja, 15. svibnja 2011.
го молам срцево
Го молам срцево да заспие
за да те повикувам телепатски
да се скријам зад некој параван
да излезам невидлива
да бидам гостин на третата димензија
додека светот не се препороди
го молам срцево да заспие
затоа што и онака никому не верувам.
за да те повикувам телепатски
да се скријам зад некој параван
да излезам невидлива
да бидам гостин на третата димензија
додека светот не се препороди
го молам срцево да заспие
затоа што и онака никому не верувам.
subota, 14. svibnja 2011.
нема да се налутам
Нема да се налутам
ако ми го забраниш топлото време
ако со обилни дождови го натажиш градот
ако сто стрели фрлиш кон мене
сите на дланка ќе ги дочекам
и нема да се налутам
бидејќи времето мене ме чека
а јас и онака ги имам
најубавите брчки на светот.
ако ми го забраниш топлото време
ако со обилни дождови го натажиш градот
ако сто стрели фрлиш кон мене
сите на дланка ќе ги дочекам
и нема да се налутам
бидејќи времето мене ме чека
а јас и онака ги имам
најубавите брчки на светот.
petak, 6. svibnja 2011.
новиот ден
Новиот ден носи нов појадок
небото се исчистило
мравките собрале храброст
колку цела една планина
тетратките ми се проветрени
а на местото на уморното срце
ставив будилник
новиот ден носи нови горчливи напивки
ќе ги испијам сите до една
без да се отрујам.
небото се исчистило
мравките собрале храброст
колку цела една планина
тетратките ми се проветрени
а на местото на уморното срце
ставив будилник
новиот ден носи нови горчливи напивки
ќе ги испијам сите до една
без да се отрујам.
srijeda, 4. svibnja 2011.
несреќни луѓе
Молчам како риба
ама ги гледам несреќните луѓе
што така се родиле
така живеат
и така го напуштаат овој шарен свет
со многу можности
молчам како риба
ама ги забележувам жените
што во торбите носат
клетви,клевети и пакости
а мојата среќа е висока гранка
на разгрането дрво
мојата несреќа е во последниот вагон
на возот што еден ден
ќе ме стаса некаде
јас не сум човек
јас сум вредна и несреќна риба
што цел живот пишува и само пишува.
ама ги гледам несреќните луѓе
што така се родиле
така живеат
и така го напуштаат овој шарен свет
со многу можности
молчам како риба
ама ги забележувам жените
што во торбите носат
клетви,клевети и пакости
а мојата среќа е висока гранка
на разгрането дрво
мојата несреќа е во последниот вагон
на возот што еден ден
ќе ме стаса некаде
јас не сум човек
јас сум вредна и несреќна риба
што цел живот пишува и само пишува.
ponedjeljak, 2. svibnja 2011.
врати се и остани мој
Врати се
се ќе ти објаснам
дури и да звучи глупаво
врати се назад
во овој град што мириса
на зелени лисја,на носталгија
и на пуканки
во овој град
што себично ги крие ѕвездите
што знае да ги збуни луѓето
врати се и остани анонимен
остани мој.
се ќе ти објаснам
дури и да звучи глупаво
врати се назад
во овој град што мириса
на зелени лисја,на носталгија
и на пуканки
во овој град
што себично ги крие ѕвездите
што знае да ги збуни луѓето
врати се и остани анонимен
остани мој.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)