Оваа рака солидно пишува
ти подава сто слики
како сто мрежи
што можат да те уловат
ти кажува дека не е се завршено
тогаш кога собата се стеснува
и затемнува сама по себе
оваа рака може да те расплаче
а солзите да заличат на роса или дожд
оваа десна рака за ништо не ја менувам.
utorak, 20. rujna 2011.
ponedjeljak, 19. rujna 2011.
чудни потези
Мразам скали за надолу
но сакам детски авиони
што ќе го спуштат небото
пред моите нозе
каква амбиција
каква реалност
јас сум скромен лизгач на мраз
можам да изведам неколку скокови
да направам чудни потези
но не можам да ги сменам луѓето.
но сакам детски авиони
што ќе го спуштат небото
пред моите нозе
каква амбиција
каква реалност
јас сум скромен лизгач на мраз
можам да изведам неколку скокови
да направам чудни потези
но не можам да ги сменам луѓето.
subota, 17. rujna 2011.
вештачко цвеќе
За каква надеж ми зборуваш
кога стеблата се суви
гранките се мртви,
а плодови можам само да замислувам
каков е овој живот со песимизам?
какви се овие пеколни бои?
о,боже направи да бидам вештачко цвеќе.
кога стеблата се суви
гранките се мртви,
а плодови можам само да замислувам
каков е овој живот со песимизам?
какви се овие пеколни бои?
о,боже направи да бидам вештачко цвеќе.
petak, 16. rujna 2011.
купувам...
За без пари купувам време.
Од солзи правам стрели
и ги боцкам туѓите срца.
Оддалеку сум песочен часовник
а одблизу само цврст карактер.
Јас само купувам и купувам
страстно и ненаситно
а светот е поле со растурени богатства.
Од солзи правам стрели
и ги боцкам туѓите срца.
Оддалеку сум песочен часовник
а одблизу само цврст карактер.
Јас само купувам и купувам
страстно и ненаситно
а светот е поле со растурени богатства.
srijeda, 14. rujna 2011.
глас
Утрово ненамерно се сетив на твојот глас
што ја носи сериозноста на старите дрвја
кои пак се фалат со дебелите сенки
таков е твојот раскошен,сакан и заборавен глас
а јас сум мала ѕвезда што изгрева на Запад
и во доцните часови
додека другите мирно сонуваат
го довикувам твојот омилен и заборавен глас.
што ја носи сериозноста на старите дрвја
кои пак се фалат со дебелите сенки
таков е твојот раскошен,сакан и заборавен глас
а јас сум мала ѕвезда што изгрева на Запад
и во доцните часови
додека другите мирно сонуваат
го довикувам твојот омилен и заборавен глас.
petak, 9. rujna 2011.
не е важно
Тоа што не ми оди
и што едноставно немам среќа
што не поместив ни една човечка граница
што не поминав километар со тешка книга на главата
тоа сега не е важно
се удавив во солена вода
светците не го слушнаа апелот за помош
а секој неуспех раѓаше солзи
но не е важно
јас стрпливо чекам тркалото да се сврти.
и што едноставно немам среќа
што не поместив ни една човечка граница
што не поминав километар со тешка книга на главата
тоа сега не е важно
се удавив во солена вода
светците не го слушнаа апелот за помош
а секој неуспех раѓаше солзи
но не е важно
јас стрпливо чекам тркалото да се сврти.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)