Луѓето во себе носат отров
во тој отров умира смртта
а јас те следам
и тогаш кога ти мене ме забораваш
кога во дел од секунда
ме губиш во толпа
и море од анонимни лица
те следам како сенка
јас сум зад твоите пети
и кога нема да ме видиш
тука сум
те следам
за да ти кажам дека во мене има празнина
место кое никој не може да го пополни.
nedjelja, 12. studenoga 2017.
subota, 11. studenoga 2017.
сонце што ќе тргне по нас
Љубовта е приземјена во реалноста
на моето лице паѓа среќен дожд
децата го земаат овој лажен свет од хартија
го потопуваат во вода
за да го исчистат од немири
од македонската мисла
ќе се роди сонце
што ќе тргне по сите нас.
на моето лице паѓа среќен дожд
децата го земаат овој лажен свет од хартија
го потопуваат во вода
за да го исчистат од немири
од македонската мисла
ќе се роди сонце
што ќе тргне по сите нас.
petak, 10. studenoga 2017.
себичен човек
Полетај со сопствени крилја
на пуст остров
за да не бидеш во кожата
на себичниот човек
што ќе изгори
во здружен оган од свеќи
налик на сонце меѓу ѕвезди.
Биди господар на својата душа
кога до тебе ќе допре
гневот и гревот
на себичниот човек.
на пуст остров
за да не бидеш во кожата
на себичниот човек
што ќе изгори
во здружен оган од свеќи
налик на сонце меѓу ѕвезди.
Биди господар на својата душа
кога до тебе ќе допре
гневот и гревот
на себичниот човек.
četvrtak, 9. studenoga 2017.
тапија од животот
Не плаши се од крикот
на лошите луѓе
што ќе ги сронат твоите добри дела
и од планини со злато
ќе направат прашина
тепих за своите неважни чекори
еден ден сите карти ќе бидат отворени
сите зборови ќе бидат кажани
ќе се разбереме со скршени погледи
и половични шепоти
еден ден предавниците ќе бидат предадени
и ќе си одиме секој по свој пат
со својата тапија од животот.
srijeda, 8. studenoga 2017.
квази љубов
Кога не ме очекуваш
ќе дојдам
со десет различни имиња
со вишок од зборови
со хаику во зениците
за да ја земам твојата квази љубов.
utorak, 7. studenoga 2017.
ги сечат гранките на кои седат
Пред моите нозе лето
во моите раце зима
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат
а пеперутките што живеат еден ден
го слават мигот од сегашноста
расклопи ме на два дела
ќе најдеш во мене пуст остров
и рајска градина
во моите погледи
цел еден град
ги препознава своите мисли
во мене слобода
однадвор грижи
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат.
во моите раце зима
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат
а пеперутките што живеат еден ден
го слават мигот од сегашноста
расклопи ме на два дела
ќе најдеш во мене пуст остров
и рајска градина
во моите погледи
цел еден град
ги препознава своите мисли
во мене слобода
однадвор грижи
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат.
скршена среќа
Мислеа дека сум невидлива жена
облечена во обичното.
Јас сум камен што зборува
што никого не сопнува
и тежи на македонска земја.
Тој ден
кога ги оставив
да ги мерат празните зборови
сами си ја скршија среќата.
облечена во обичното.
Јас сум камен што зборува
што никого не сопнува
и тежи на македонска земја.
Тој ден
кога ги оставив
да ги мерат празните зборови
сами си ја скршија среќата.
petak, 3. studenoga 2017.
еден ден ќе ме бараат
Еден ден ќе ме бараат
и нема да ме најдат
зборовите ќе бидат снегулки
под моите чевли
а сепак нема да го погазам
она за што пишував
сите тајни ќе бидат отворени
оние што ги раскажав
на погрешни луѓе
од прашина ќе направам
море полно надежи
ќе затворам очи
по своја волја
и бесплатно ќе сонувам
еден ден сите лаги
ќе бидат разобличени
луѓето ќе ги носат
како петна на своите души.
и нема да ме најдат
зборовите ќе бидат снегулки
под моите чевли
а сепак нема да го погазам
она за што пишував
сите тајни ќе бидат отворени
оние што ги раскажав
на погрешни луѓе
од прашина ќе направам
море полно надежи
ќе затворам очи
по своја волја
и бесплатно ќе сонувам
еден ден сите лаги
ќе бидат разобличени
луѓето ќе ги носат
како петна на своите души.
другите си одат, јас заминувам
Другите си одат
а јас заминувам
и зад себе оставам празно место.
Кога блискоста пречи
а далечината убива
во една голтка
го пијам очајот
го будам демонот во себе
и бегам во улицата на чадорите.
Мојата мисла не греши
на патот кон вистината.
Другите си одат
а јас заминувам
за да некогаш се вратам.
srijeda, 1. studenoga 2017.
кога денот ми е лош
Кога денот ми е лош
и цвеќето во вазната
ми ја колве надежта.
Животот ме носи во својата празна прегратка
за нас остануваат тешките камења
ќе ги тркаламе додека сме живи.
Кога денот ми е лош
луѓето се огледуваат во матни огледала
поезијата ми е без емоција
а во мојата туѓа земја
се заборава химната на добрите луѓе.
и цвеќето во вазната
ми ја колве надежта.
Животот ме носи во својата празна прегратка
за нас остануваат тешките камења
ќе ги тркаламе додека сме живи.
Кога денот ми е лош
луѓето се огледуваат во матни огледала
поезијата ми е без емоција
а во мојата туѓа земја
се заборава химната на добрите луѓе.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)