Сезнајко е оној
што ја измислил љубовта
што ги населил ластовиците
под стреите
а моќен е оној
што поседува грмотевици
во овој модерен свет
каде добрите страдаат
без причина
а злобните уживаат
на погрешен начин
знаењето и моќта
се зачини
што животот го прават поубав.
četvrtak, 22. srpnja 2010.
srijeda, 21. srpnja 2010.
преселба
Ќе дојде време за неотповиклива преселба
ќе важи за сите сончогледови глави
за сите што глумат
и што се фаќаат за сламка од искушенија
ќе ги обединам способностите
добро ќе ги проценам можностите
и ќе дојде време за збогување
ќе имам двослојни подочници
а во нив епопеја за раскажување
и не мразам подолго од пет минути
и не се плашам од неизбежната преселба
затоа што утре сите нас ќе не нема.
ќе важи за сите сончогледови глави
за сите што глумат
и што се фаќаат за сламка од искушенија
ќе ги обединам способностите
добро ќе ги проценам можностите
и ќе дојде време за збогување
ќе имам двослојни подочници
а во нив епопеја за раскажување
и не мразам подолго од пет минути
и не се плашам од неизбежната преселба
затоа што утре сите нас ќе не нема.
цутот на доцната младост
Ти си во цутот на доцната младост
бараш мојот лелеав фустан
со рајски бои
да го заменам
со твоето знаме на половина копје
се навраќаш на пресушени кладенци
овие две стомни се твој спас
ќе ги скршам
пред да ја ублажиш жедтта
јас што бескрајно ги сакам блиските
јас што со своето присуство
го бојам просторот
имам само една карта
само уште една опција
во засуканиот ракав
но не го давам својот ленен фустан
за цутот на доцната младост.
бараш мојот лелеав фустан
со рајски бои
да го заменам
со твоето знаме на половина копје
се навраќаш на пресушени кладенци
овие две стомни се твој спас
ќе ги скршам
пред да ја ублажиш жедтта
јас што бескрајно ги сакам блиските
јас што со своето присуство
го бојам просторот
имам само една карта
само уште една опција
во засуканиот ракав
но не го давам својот ленен фустан
за цутот на доцната младост.
subota, 17. srpnja 2010.
ако ти пречам
Ако ти пречам
ќе ми забраниш
да дишам од заедничкиот воздух
ќе ми ставиш црна панделка во косата
ќе ме убедуваш
да се мразам себе си
ако ти пречам
ќе ме провреш низ иглени уши
ќе ме потопиш во фонтаната на желбите
а јас сепак
ќе најдам начин да се извлечам
и ќе ти пречам
се додека не ми здодее.
ќе ми забраниш
да дишам од заедничкиот воздух
ќе ми ставиш црна панделка во косата
ќе ме убедуваш
да се мразам себе си
ако ти пречам
ќе ме провреш низ иглени уши
ќе ме потопиш во фонтаната на желбите
а јас сепак
ќе најдам начин да се извлечам
и ќе ти пречам
се додека не ми здодее.
petak, 16. srpnja 2010.
симпатија
Светилките во ноќта ме поздравуваат
една за мене
една за тебе
така си делиме прегратки
тоа е она што се памети
се друго е во ќелиите на заборавот
пешачам спротивно на ветрот
научив сама да летам
и да трчам без сопнување
со пропаста на оваа љубов
јас се спасив себе си
а ти пропушти многу
но циклусот продолжува
една за мене
друга за тебе
си делиме мистериозни насмевки
љубовта е во почетен стадиум
остана само симпатија.
една за мене
една за тебе
така си делиме прегратки
тоа е она што се памети
се друго е во ќелиите на заборавот
пешачам спротивно на ветрот
научив сама да летам
и да трчам без сопнување
со пропаста на оваа љубов
јас се спасив себе си
а ти пропушти многу
но циклусот продолжува
една за мене
друга за тебе
си делиме мистериозни насмевки
љубовта е во почетен стадиум
остана само симпатија.
četvrtak, 15. srpnja 2010.
животни танци
Животот е танц на отворено
танц пред публика
сплет на двоумења
и погубни Сизифови маки
се мешаат оптимизмот и песимизмот
како маслото и водата
а само привилегираните
уживаат во румбата
животот е танц
што треба да се усовршува
и перфектно да се изведе
дојди и заедно ќе ги учиме движењата.
танц пред публика
сплет на двоумења
и погубни Сизифови маки
се мешаат оптимизмот и песимизмот
како маслото и водата
а само привилегираните
уживаат во румбата
животот е танц
што треба да се усовршува
и перфектно да се изведе
дојди и заедно ќе ги учиме движењата.
utorak, 13. srpnja 2010.
владетел
Не предизвикувај ми главоболка
само затвори ја вратата однадвор
медитирајќи ќе ги набљудувам
мередијаните и флуоресцентните ѕвезди
на плафонот
минатото нема да го испеглам
но иднината ќе ја носам на раменици
како скапоцена марама
резервирано е ова срце
си има свој владетел
што сите го знаат
ама никој не го познава.
само затвори ја вратата однадвор
медитирајќи ќе ги набљудувам
мередијаните и флуоресцентните ѕвезди
на плафонот
минатото нема да го испеглам
но иднината ќе ја носам на раменици
како скапоцена марама
резервирано е ова срце
си има свој владетел
што сите го знаат
ама никој не го познава.
subota, 10. srpnja 2010.
неправедно казнета
Можеш да ме удриш
индиректно да ме казниш
да ме натераш
да бидам затворена школка
тајните да ги свиткам
во зрно ориз
но ти не знаеш
што сум наумила
не го менуваш текот
на моите случувања
и нема да го земеш
она што природата
ми го дала
недопирливите
јас и онака не ги освојувам
ќе никнам во безброј срца
и други и туѓи
а за тебе ќе бидам
неправедно казнета.
индиректно да ме казниш
да ме натераш
да бидам затворена школка
тајните да ги свиткам
во зрно ориз
но ти не знаеш
што сум наумила
не го менуваш текот
на моите случувања
и нема да го земеш
она што природата
ми го дала
недопирливите
јас и онака не ги освојувам
ќе никнам во безброј срца
и други и туѓи
а за тебе ќе бидам
неправедно казнета.
ветрушка
Јас сум ветрушка
што не си ги препознава очите
што на заем бара длабок сон
за да се одмори од лицемерие
јас сум ветрушка
љубопитноста ми е жарче
изгаснато на крајбрежјето
подвижниве мисли
патуваат без куфери
но научив една важна работа
почетокот и крајот
немаат ништо заедничко
тие се врвки за сечии чевли
јас сум мала ветрушка
ги обожавам луѓето што ме сакаат
а останатите
ги ставам на листа за чекање
или ги праќам во последен ред.
што не си ги препознава очите
што на заем бара длабок сон
за да се одмори од лицемерие
јас сум ветрушка
љубопитноста ми е жарче
изгаснато на крајбрежјето
подвижниве мисли
патуваат без куфери
но научив една важна работа
почетокот и крајот
немаат ништо заедничко
тие се врвки за сечии чевли
јас сум мала ветрушка
ги обожавам луѓето што ме сакаат
а останатите
ги ставам на листа за чекање
или ги праќам во последен ред.
srijeda, 7. srpnja 2010.
дали те сакам?
Секој ден ќе ти пеам иста песна
ќе ја преведувам на сите можни јазици
ќе ги проучувам контурите
на твоето лице
а перницата ќе ти го пренесе
мојот внатрешен монолог
но дали те сакам
или само ми се допаѓаш?
што и да си помислил
грешка е
другите и онака се ќе расипат
нема да биде ниту по мое
ниту по твое
но дали те сакам
или во тебе ги најдов
доблестите што другите ги немаат?
ќе ја преведувам на сите можни јазици
ќе ги проучувам контурите
на твоето лице
а перницата ќе ти го пренесе
мојот внатрешен монолог
но дали те сакам
или само ми се допаѓаш?
што и да си помислил
грешка е
другите и онака се ќе расипат
нема да биде ниту по мое
ниту по твое
но дали те сакам
или во тебе ги најдов
доблестите што другите ги немаат?
subota, 3. srpnja 2010.
волшебен фотоапарат
Ние сме возрасни деца
луѓе што пробиваат рокови
и го форсираат времето
заробено во песочен часовник
имам тешко остварливи желби
но не се ужаснувам од своите мани
барам волшебен фотоапарат
што подмладува
и што ќе ги регистрира
кружниците во моите зеници
што ќе ја запечати
текстурата на моите мали раце
и тој волшебен фотоапарат
би ја отсликал
вечната борба
за подобри и поубави нешта
и љубовта што во себе ја носам
а тешко ја покажувам.
луѓе што пробиваат рокови
и го форсираат времето
заробено во песочен часовник
имам тешко остварливи желби
но не се ужаснувам од своите мани
барам волшебен фотоапарат
што подмладува
и што ќе ги регистрира
кружниците во моите зеници
што ќе ја запечати
текстурата на моите мали раце
и тој волшебен фотоапарат
би ја отсликал
вечната борба
за подобри и поубави нешта
и љубовта што во себе ја носам
а тешко ја покажувам.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)