Ова се проклети околности
жал ми е што се вака испадна
што не знам каде си
што без тебе вегетирам
и не знам кој кому
треба да простува
и кој е виновен
за да го казнам со змиски поглед
ова се проклети околности
ова е вакуум во кој
и триумфалните љубови потклекнуваат
и завршуваат неславно.
četvrtak, 28. travnja 2011.
nedjelja, 24. travnja 2011.
извинување
Три лалиња без мирис
нека осамнат на прагот
наместо извинување
остави ми кратка,јасна и моќна порака
во демоде плик
донеси ми кибрит
со три шкорчиња
за да ги запалам лагите
по кои те познав
дека доаѓаш од друг свет
три жолти крина
нека осамнат на прагот
наместо извинување
што и онака ништо нема да промени.
нека осамнат на прагот
наместо извинување
остави ми кратка,јасна и моќна порака
во демоде плик
донеси ми кибрит
со три шкорчиња
за да ги запалам лагите
по кои те познав
дека доаѓаш од друг свет
три жолти крина
нека осамнат на прагот
наместо извинување
што и онака ништо нема да промени.
subota, 23. travnja 2011.
хоризонтот
Хоризонтот го шири енергетското поле
и ќе ме прими во својот дворец
ќе се оддолжам
ќе бидам како ученик со сите петки
ќе се отворат среќни патишта
ќе го споделувам овој флуид
што може еден цел град да покрие
хоризонтот ќе ме прифати
и во сон ќе патувам
низ раскошни места што ја слават
и благородната и модерната
и древната и неразбраната уметност
што некој мора да ја создава.
и ќе ме прими во својот дворец
ќе се оддолжам
ќе бидам како ученик со сите петки
ќе се отворат среќни патишта
ќе го споделувам овој флуид
што може еден цел град да покрие
хоризонтот ќе ме прифати
и во сон ќе патувам
низ раскошни места што ја слават
и благородната и модерната
и древната и неразбраната уметност
што некој мора да ја создава.
četvrtak, 21. travnja 2011.
магични пенкала
Магични се овие пенкала
што така убаво те опишуваат
ти праќаат прегратки и бакнежи
те мотивираат да живееш
те лажат дека си речиси совршен.
Магични се моите пенкала
што волшебно те сликаат
а јас нема да се спасам
ни од нив, ни од тебе
ни од мојата инспирација
што тежи и натежнува.
што така убаво те опишуваат
ти праќаат прегратки и бакнежи
те мотивираат да живееш
те лажат дека си речиси совршен.
Магични се моите пенкала
што волшебно те сликаат
а јас нема да се спасам
ни од нив, ни од тебе
ни од мојата инспирација
што тежи и натежнува.
ponedjeljak, 18. travnja 2011.
живи стакла
Остана само пуста желба за пријателство
и самозапознавање
па на плус четириесет
за своја душа
пишувам неколку редови
и преку живи стакла
ти го подавам показалецот
во едната рака имам лед
а во другата те имам тебе
и на минус петнаесет
пишувам за своите исчекувања
и преку ѕидови ти зборувам
ама ти ништо не слушаш
но знам дека се ќе се среди
штом ги соборам овие живи стакла.
и самозапознавање
па на плус четириесет
за своја душа
пишувам неколку редови
и преку живи стакла
ти го подавам показалецот
во едната рака имам лед
а во другата те имам тебе
и на минус петнаесет
пишувам за своите исчекувања
и преку ѕидови ти зборувам
ама ти ништо не слушаш
но знам дека се ќе се среди
штом ги соборам овие живи стакла.
nedjelja, 17. travnja 2011.
ме купи
Ме купи
со синото и зеленото
што убаво ти прилега
со скромноста и спонтаноста
со кои си се родил
со духовната рамнотежа
и со немите дијалози
ме купи
со името што ми се допаѓа
со три самогласки и две согласки
со душата што нема да ја извалкаш
ме купи,ме освои,ме плени
а другите можат само да сонуваат
за една љубов што не умира.
со синото и зеленото
што убаво ти прилега
со скромноста и спонтаноста
со кои си се родил
со духовната рамнотежа
и со немите дијалози
ме купи
со името што ми се допаѓа
со три самогласки и две согласки
со душата што нема да ја извалкаш
ме купи,ме освои,ме плени
а другите можат само да сонуваат
за една љубов што не умира.
ponedjeljak, 11. travnja 2011.
најдобар си
Пред спиење
ја вадам насмевката од лицето
и заљубеноста од срцето
и се сеќавам
на твојата неповторлива
и носталгична душа од памук
најдобар си
кога простум го чекаш животот
кога си на метар
или километар од мене
најдобар си
кога бараш мир
на северниот пол
или во соседството
кога не ме сакаш
ниту ме посакуваш
најдобар си
и глина да бидам
и да се растопам
во грутки црвена земја
и тогаш нема да ја заборавам
твојата душа од памук
што болува
како големо стапало
стиснато во мало детско чевелче
најдобар си!
ја вадам насмевката од лицето
и заљубеноста од срцето
и се сеќавам
на твојата неповторлива
и носталгична душа од памук
најдобар си
кога простум го чекаш животот
кога си на метар
или километар од мене
најдобар си
кога бараш мир
на северниот пол
или во соседството
кога не ме сакаш
ниту ме посакуваш
најдобар си
и глина да бидам
и да се растопам
во грутки црвена земја
и тогаш нема да ја заборавам
твојата душа од памук
што болува
како големо стапало
стиснато во мало детско чевелче
најдобар си!
nedjelja, 10. travnja 2011.
се би напуштила
Заради тебе се би напуштила
би се откажала од старите навики
би ги запалила книгите
што друг ми ги подарил
би го заборавила
послужавникот со приказни
заради тебе се би напуштила
би ја жртвувала женската доминација
и би те довикувала тивко
со шумот на тревите
би направила поток од солзи
среде зелени рамнини
а во нив мали бродови
од сребрена хартија
и се би направила
и сите би ги напуштила
само кога ти би се откажал
од твоите авантури
налик на жив песок.
би се откажала од старите навики
би ги запалила книгите
што друг ми ги подарил
би го заборавила
послужавникот со приказни
заради тебе се би напуштила
би ја жртвувала женската доминација
и би те довикувала тивко
со шумот на тревите
би направила поток од солзи
среде зелени рамнини
а во нив мали бродови
од сребрена хартија
и се би направила
и сите би ги напуштила
само кога ти би се откажал
од твоите авантури
налик на жив песок.
subota, 9. travnja 2011.
ме тераш
Ме тераш да застанам
да се замислам
па да се покајам
што те сретнав
во погрешно време
ме тераш
да бидам втора виолина
да ти дадам трета,
четврта и петта шанса
па да ги фрлам црните чевли
што носат несреќа
ме тераш
да размислувам во еден правец
да се поклонувам на машката суета
и да се помирам со судбината.
да се замислам
па да се покајам
што те сретнав
во погрешно време
ме тераш
да бидам втора виолина
да ти дадам трета,
четврта и петта шанса
па да ги фрлам црните чевли
што носат несреќа
ме тераш
да размислувам во еден правец
да се поклонувам на машката суета
и да се помирам со судбината.
četvrtak, 7. travnja 2011.
ќе дојдам со тебе
Ќе дојдам со тебе
за да летаме во височини
за да лебдиме над земјата
меѓу пеперутките
за да ги истиснеме душите
заробени во камења
ќе дојдам со тебе
за да кроиме облеки и планови
само од убави материјали
за да живеам долго
за да пишувам уште подолго.
за да летаме во височини
за да лебдиме над земјата
меѓу пеперутките
за да ги истиснеме душите
заробени во камења
ќе дојдам со тебе
за да кроиме облеки и планови
само од убави материјали
за да живеам долго
за да пишувам уште подолго.
utorak, 5. travnja 2011.
оддишка
Душата и раката се твои
ама прстенот е туѓ
фустанот е снежен
а букетот се родил во ноќта
затоа дај си оддишка
ти што многу работиш
додека другите се богатат
ти што на долго и широко зборуваш
и често патуваш
како ликовите на еден познат Бразилец
дај си оддишка
ти и совршенството го разобличуваш
и немирот го украсуваш
а не плаќаш
за воздухот што го дишеш
дај си оддишка
бидејќи мал е векот и светот
за да порази едно човечко срце.
ама прстенот е туѓ
фустанот е снежен
а букетот се родил во ноќта
затоа дај си оддишка
ти што многу работиш
додека другите се богатат
ти што на долго и широко зборуваш
и често патуваш
како ликовите на еден познат Бразилец
дај си оддишка
ти и совршенството го разобличуваш
и немирот го украсуваш
а не плаќаш
за воздухот што го дишеш
дај си оддишка
бидејќи мал е векот и светот
за да порази едно човечко срце.
nedjelja, 3. travnja 2011.
стогодишен даб
Во шумата има манастир
и стогодишен даб
со листови наместо перчиња
со годови наместо родендени
со дебела кора
што го покрива телото
во шумата
ќе ги најдам годишните времиња
што во тебе се заљубиле
ќе ги скршам твоите остри зборови
како садови од порцелан
ќе се скријам
од твојата себична љубов
во шупливото срце на дабот.
и стогодишен даб
со листови наместо перчиња
со годови наместо родендени
со дебела кора
што го покрива телото
во шумата
ќе ги најдам годишните времиња
што во тебе се заљубиле
ќе ги скршам твоите остри зборови
како садови од порцелан
ќе се скријам
од твојата себична љубов
во шупливото срце на дабот.
Pretplati se na:
Postovi (Atom)