utorak, 31. listopada 2017.

имиња

Висат над нашите глави
имиња поткрепени со дела
венец на еден народ. 

nedjelja, 29. listopada 2017.

среќна

Кога одморам или уживам 
луѓето мислат тага се населува во мене
ставам потпис и печат
строфата ја заклучувам
со резе од извичници
ја пијам креативноста
како што сонцето патува по небото
другите не знаат
а јас знам 
дека е време да се биде среќен. 

пријател на непријателите

Јас сум пријател на непријателите
никнувам каде нема да ме посеат
пишувам кога другите не читаат
зборувам кога другите не слушаат
одам каде другите не биле
јас сум голем пријател на непријателите
им ја нудам душата 
онаа што ја немаат. 

četvrtak, 26. listopada 2017.

молња од погледи


Пред мене и зад мене 
молња од погледи
во очите на другите
сум творец на невозможното
ако ми купат мрак
ќе им продадам виножито
ако ми ја пресечат дланката што пишува
ќе ги удавам во нивниот бол и бес
до мене и покрај мене
молња од погледи
а сепак будна сонувам
а сепак ја собирам
енергијата од цел универзум
во една проста реченица. 

četvrtak, 19. listopada 2017.

подарок од време

Ми даваат подарок од време
за да го живеам по свое
за да го исполнувам со неброени денови
да ги поврзувам како алки
со графити од поезија
за да се смеам гласно во себе
а сепак нечујно за другите
малкуте луѓе што ме сакаат 
ми даваат подарок од време 
за да преживеам кога ќе ми треба. 

хипербола

На исток се гаси мојата ѕвезда
во зима се збогувам со сенката што ме следи
и чувствата ги ставам во хипербола. 

Почетокот беше надежен 
крајот неизбежен
а помеѓу напразно потрошено време
што не вреди за едно сеќавање. 

Ја продадов добрината на погрешни луѓе
сите дела наскоро ќе бидат згазени во калта. 

Мојата ѕвезда на исток умира
додека се предавам на својата мирна совест
од моите мисли незнајни луѓе прават хипербола. 


srijeda, 18. listopada 2017.

оган и прав

Луѓето носат оган и прав во очите
и безпоштедно се китат со туѓи перја
а ние ќе со одиме кога сакаме
ќе заминеме
кога ќе ни здодее дождот од несакани зборови
ќе се спомуваме по безброј пати на исти камења
и ќе дозволиме времето да ни биде учител

ponedjeljak, 16. listopada 2017.

зошто пишувам?

Ќе го видам своето попладне
пресечено како јаболко на два дела
и ставено во хибербола. 
Некои луѓе
никогаш не сфатија зошто пишувам
не прoчитаа меѓу редови
за да раскажуваат на другите. 
Пишувам за да постојам
и тогаш кога ме нема. 

nedjelja, 15. listopada 2017.

завет од младоста

Те поттиснав на сите фронтови 
за да ти докажам
дека оној што се откажал од добрината
никогаш не бил добар. 

Те сакав многу 
те преболував бавно
го корнев секој дел од мојата душа
што те бараше во мноштвото обични луѓе
а беше мој непребол
беше мој завет од младоста.

petak, 6. listopada 2017.

прстени од пепел

На моите раце се бришат прстени од пепел. 

Јас сум дете на црквата 
извирам од еден поток. 

Додека трчам по добро
злото ми е зад петици
и ги крши сите прави линии
испишани во песокот. 

Во твоите очи 
два различни света војуваат. 

Јас сум дете на црквата
те гледам низ прстени од пепел
и полека го напуштам 
твоето срце. 



еден неправеден ден

Животот ме дроби 
како стакло во своите раце. 

Имам планови за време, 
а немам тло
каде да ги пуштам своите чекори. 

Луѓето ме кршат како орев 
ме јадат заедно со сите слабости. 

Ѕидот зборува гласно
и го прераскажува плачот на детето во мене. 

Ова е само еден обичен ден во низа
еден неправеден ден што трае колку вечност. 

četvrtak, 5. listopada 2017.

снежно дете

Отвараш врати и ходници во моето минато 
темно е
светлината се крие под перница
а јас сум снежно дете 
не допирај ме со твоите меки раце 
не земај ме во твојата топла прегратка
јас сум снежно дете 
се топам од среќа и несреќа.

utorak, 3. listopada 2017.

по навика

По навика
размислувам додека спијам
станувам рано
пред поздравот на сонцето
пишувам моќно
испиеното кафе 
го менувам за прочитана книга 
и обратно.

По навика 
одам пеш по улици 
со боја на облаци
и знам колку ми недостигаш
а сите други те имаат
помалку или повеќе 
во ова множество 
од маски и површни луѓе.

nedjelja, 1. listopada 2017.

гори свеќата

Гори свеќата во собата 
што ме спасува од темнина 
и ме потсетува дека сум сама 
во студени ноќи 
и некрстени денови. 

Гори свеќата во собата 
како јаз помеѓу нас
во кој месечината фрла сноп од ѕвезди
а луѓето ја ловат тагата во моите очи. 

Гори свеќата во собата 
и секој ден е ист 
со причини и последици 
со збир од грешки и проста математика. 

Гори свеќата во собата 
гори свеќата во црквата 
што ја запалив во недела 
како добрината што пламти
во потсвеста на луѓето што ги сакам.